24фудбал

Голот на Ди Мариа од слободен едноставно е нереален... (ВИДЕО)

Аргентинецот дефинитивно го постигна еден од најубавите, ако не најубав гол во својата кариера, на преубав начин го реши дербито во Лига 1 со извонредна мајсторија од слободен удар.

Франција

Анхел Ди Мариа синоќа го предводеше ПСЖ во победа против Олимпик Марсеј на домашен терен од 3-1 во рамките на дерби мечот од 29 коло во најсилниот француски фудбалски шампионат.

Аргентинскиот офанзивец постигна два гола, од кои едниот беше вистинско ремек дело од слободен удар.

Се играше 66. минута кога при резултат 2-1, Ди Мариа имаше прилика од слободен удар, а истата ја искористи на прекрасен начин, постигнувајќи го еден од најубавите, а можеби и најубав гол во неговата кариера...