24фудбал

Гатузо: Најголемиот пораз од дербито беше Кеси, тој инцидент ме повреди многу

Шефот на стручниот штаб на Росонерите го посочи инцидентот со Кеси како најголем во дербито со Интер, инцидент кој го повредил многу, тоа е нешто што Гатузо не го прифаќа.

Италија

Милан и Интер играа возбудливо дерби синоќа во Серија А, на крајот градското дерби на Милано му припадна на Интер кој славеше со 2-3, а иако имаше водство од 0-2, малку недостасуваше Нероаѕурите да прокоцкаат сигурна победа против својот ривал.

Говорејќи по дербито, шефот на стручниот штаб на Милан, Џенаро Гатузо истакна дека е среќен од перформансите кои ги имале неговите избраници, но, најголемото нешто што го повредило беше инцидентот помеѓу Кеси и Биља.

Мислам дека при резултат 2-0, секоја екипа би паднала во играта, Интер одигра квалитетен фудбал, психолошки беа на едно високо ниво, сепак, среќен сум од перформансите кои ги прикажаа моите фудбалери, имавме шанси, бевме и близу до реми во самиот финиш“ посочи Гатузо и се осврна на инцидентот.

Жешко на клупата на Милан, Кеси сакаше да се тепа со Биља, соиграчите спречија инцидент (ВИДЕО)

Најголемиот пораз од дербито што ме повреди многу за мене беше Кеси, и тоа што го видов што се случи на клупата. Тоа е нешто што јас не можам да го прифатам, барем според начинот на кој јас го гледам фудбалот, начинот на кој го гледам тимот и етичкиот кодекс на тимот“ посочи Гатузо.

Инцидентот се случи откако Кеси беше повлечен од игра и изгледаше иритиран од нешто, по што го впери прстот кон Биља кој веројатно нешто му коментирал на својот соиграч во таа прилика.

Кеси и Биља заедно го објаснија срамниот инцидент и се извинија

Доколку дел од нивните соиграчи не ги разделија, сигурно ќе имаше многу поголем инцидент во таа ситуација, а по мечот, обајцата се извинија за инцидентот застанувајќи и двајцата пред камерите.