24фудбал

Валверде: Треба да сме среќни што живееме во ерата на Меси

Предводникот на Каталонците не ги криеше своите импресии по мечот со Бетис каде првата ѕвезда на тимот Меси, постигна хет-трик, а истиот тој беше награден со овации од гледалиштето кај домашните фанови.

Шпанија

Веројатно нема поголемо нешто во кариерата на еден фудбалер да навивачи на противничка екипа да станат и да ве поздрават со овации, тоа им се случува на најдобрите, а меѓу нив е секако и првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Аргентинецот постигна хет-трик во победата на Каталонците на гостувањето кај Бетис со 1-4, а на десет кола до крајот на шампионатот во Примера, Барселона на првото место е со десет бодат предност во однос на Атлетико Мадрид, односно 12 во однос на Реал Мадрид.

Сцени кои ретко се гледаат, фановите на Бетис станаа да му аплаудираат на Лео, на Виљамарин ечеше „Меси, Меси“ (ВИДЕО)

Шефот на стручниот штаб на Каталонците, Ернесто Валверде, говорејќи по победата над Бетис, се осврна на Меси, за што истакна дека сите треба да се среќни што живеат во ерата на Меси.

Ние сите имаме среќа со тоа што живееме во време кога Меси го игра својот фудбал“ рече Валверде.

Вечерва видовме како јавноста реагира кога Меси е на теренот“ додаде тој.

Дури и да се земе во предвид фактот што тие страдаа во овој меч, реакциите (на навивачите на Бетис) покажува какво е задоволството да се гледа Меси како игра на теренот“ заклучи Валверде.