24фудбал

Касано удри со дрва и камења по Рома: До вчера Ди Франческо ви беше бог, а сега...

Поранешниот напаѓач на Римската волчица без влакна на јазикот проговори за актуелната состојба во таа екипа изминатиов период, најпрво му беше врачен отказ на Ди Франческо, а следеше шок по заминувањето на Мончи.

Италија

Антонио Касано тврди дека Интер треба да го поддржи Лучијано Спалети на кормилото на таа екипа, а отказот за Ди Франческо од Рома било скандал, тоа го вели поранешниот напаѓач на Римската волчица во чиј дрес одигра 118 натпревари и постигна 39 погодоци.

Касано беше запрашан за ситуацијата во која се наоѓаат обата клуба во Тики Така синоќа, откако Спалети оствари голема победа над Милан со 3-2, а Рома загуби на гостувањето кај СПАЛ со 2-1 и доби тежок удар само две седмици по отказот за Ди Франческо, а него го наследи Клаудио Раниери.

Воопшто не се слагам со оние кои велат дека Спалети треба да биде заменет на крајот од оваа сезона“ рече 36 годишниот поранешен репрезентативец на Италија.

Спалети е лојален, чесен и доста директна особа, тој има мади*а и се држи до своите принципи, работи одлично исто така, мислам дека прави одлична работа на клупата на Интер“ посочи Касано и се префрли на ситуацијата во Рома.

Отказот на Рома за Ди Франческо беше скандал. Пред само шест месеци тој беше бог за нив, сега и Мончи си замина“ рече Касано.

Проблемот е тоа што Американците не се таму и Балдини прави тоа што сака во Лондон“ заклучи Касано упатувајќи и жестока критики до раководството на тимот од Рим.

Како за потсетување, Ди Франческо лани го предводеше тимот на Рома до полуфиналето од Лигата на шампионите, најпрво во четвртфиналето сензационално ја елиминираше Барселона, но, тимот од Рим немаше сили за ново чудо, овој пат против Ливерпул.