24фудбал

Калчомеркато: Јувентус размислува да испрати понуда до Тотенхем за Ериксен

Од Тотенхем очекуваат едно, но, веројатно плановите на Ериксен се сосема други откако преговорите помеѓу обете страни за продолжување на соработката подолг период стојат во место, а интересот за 27 годишниот Данец е огромен.

Италија

Ѕвездата на Тотенхем, Данецот Кристиан Ериксен е една од големите желби на италијанскиот првак Јувентус за летниот преоден рок, пишува Калчомеркато, наведувајќи дека плејмејкерот е голема желба за идната сезона.

Актуелниот важечки договор на Ериксен со Премиерлигашот истекува во јуни 2020. година, нема најави за продолжување на соработката помеѓу обете страни, а подолг период на Островот наведуваа дека преговорите се застанати во место.

Во една таква ситуација, Тотенхем сигурно нема да ризикува да остане со празни раце во оваа ситуација, особено ако се земе во предвид дека за Ериксен постои сериозен интерес и од Реал Мадрид.

Калчомеркато додава дека Јувентус веќе стапил во контакт со претставниците на Ериксен, а тимот од Торино сериозно размислува да испрати понуда до Тотенхем во летниот преоден рок.

Да се доведе Ериксен во Торино сигурно нема да биде воопшто лесно за Јувентус, најпрво првиот човек на Тотенхем, Даниел  Леви е познат по тоа што е доста тежок во преговорите за неговите фудбалери, а од друга страна пак самиот Тотенхем силно очекува дека Данецот сепак на крајот ќе ја продолжи верноста со клубот.