24фудбал

Балотели се огласи по написите дека сакал да слави гол против ПСЖ со маичка со ликот на Рашфорд (ФОТО)

Синоќа се појавија стории кои велеа дека Марио Балотели имал подготвено специјална прослава во случај да погоди против ПСЖ и да покаже мачика со ликот на Маркус Рашфорд под својот дрес, сепак напаѓчот денеска го демантираше ова.

Франција

Контроверзниот Италијанец изминативе недели режираше неколку интересни прослави, против Сент Етјен направи селфи и на Инстаграм објави видео од прославата со соиграчите додека се играше натпреварот, за потоа против Ница да седне крај гол-аут линијата и да игра лист, камен, ножички.

Новинарот Оливие Таларон синоќа пренесе дека Марио Балотели имал подготвено специјална прослава во случај да погоди против ПСЖ во големото „класико“ во Франција. „Супер Марио“ наводно требал да покаже маичка со ликот на Маркус Рашфорд под својот дрес доколку ја затресе мрежата на „светците“ и да го поздрави лутиот ривал за елиминацијата во Лигата на шампионите.

Кога е во прашање Марио Балотели, се може да се случи, но очигледно и тој има одредени граници. Фудбалерот на Марсеј денеска се огласи на Инстаграм и порача дека нема вистина во ваквите написи.

„Ова е лага“ – гласеше пораката, а под насловот од сторијата која беше објавена тој додаде: „Престанете да креирате фејк њуз за мене“.

Ако ова не беше доволно, тој преку постот имаше испишано „Ср*ње“