24фудбал

УЕФА го обвини Роналдо за недолично однесување, каква ќе биде казната, парична глоба или суспензија?

Европската куќа на фудбалот покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, фудбалерот на Јувентус е под „лупа“ за гестот кој го направи по големиот триумф над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

ЦР7 со три гола со сруши Атлетико и го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Па по крајот на мечот, Кристијано Роналдо ја копираше прославата на Диего Симеоне од првиот меч и покажа дека „има мад*а“.

Напаѓачот поради ова се најде под „лупа“ и УЕФА денеска соопшти дека е покрената дисциплинска постапка против Португалецот за недолично однесување и прекршување на два члена од дисциплинскиот правилник.

Тренерот на Атлетико Мадрид за својот гест доби парична глоба од 20.000 евра, но медиумите од Шпанија пишуваат дека европската куќа на фудбалот би можела да биде построга кон Кристијано Роналдо и да му изрече суспензија.

Причина за ова е тоа што Кристијано Роналдо навредливиот гест го направил кон противничките навивачи, и покрај ТВ снимките, има и аматерски видеа од целиот инцидент.

Одлуката за казната на фудбалерот на Јувентус ќе биде донесена на 21. март.