24фудбал

Кој е во право? Мончи вели едно, Палота му се чуди!

Претседателот на Рома, Џејмс Палота не се согласува со објаснувањето на Мончи зошто си заминал од клубот.

Италија

Мончи беше донесен од Севиља за да ги подобри резултатите на Рома. Но по неколку разочарувања отказ доби тренерот Ди Франческо, а по него си замина и Мончи.

Тој вели дека неговите идеи биле комплетно различни од оние на претседателот Палота.

„Си заминав од Рома поради основна причина, сфатив дека идеите на сопственикот се поразлични од моите. Претседателот мислеше дека е подобро да одиме десно, јас мислев дека е подобро лево. Не бешево ред да продолжам така, но можам да кажам само убави зборови за Палота и луѓето кои ме донесоа во Рома. Никогаш нема да кажам лош збор за него или клубот. Сфативме дека патуваме на различни патишта и решивме да прекинеме тука“, изјави Мончи.

Ова негово објаснување како да го налути Палота кој се отвори и излезе со својата верзија.

„Бев изненаден кога слушнав што кажа Мончи на неговата прес конференција дека јас сум сакал еден начин, а тој друг“, изјави Палота за официјалниот клупски сајт.

„Сакам да ги разјаснам работите. Бев многу јасен за насоката која сакав да ја има клубот и потрошив многу пари за да го донесам Мончи. Уште од стартот му реков дека сакам тренери од прва класа, прва класа на стручен штаб, прва класа на медицински персонал, прва класа на скаутинг  и прва класа на организација“.

„Му ги дадов клучевите на Мончи за да го исполни тоа. Ми дадов тотална контрола за да именува тренер кој тој го сака, да вработи асистенти и стручен штаб, да го менаџира скаутингот и да донесе фудбалери кои тој ги сака. Ако ги видите нашите резултати и перформанси јасно е дека тоа не функционираше“.

„Во неомври кога нашата сезона одеше од лошо во полошо и сите можеа да видат како тренерот се мачи да извади реакција од фудбалерите, му реков на Мончи да го активира неговиот план Б, но резултатите стануваа полоши“.

„Тој имаше целосна одговорност за фудбалските операции во Рома, но никогаш немаше план Б. Тоа беше ноември. Тој рече дека неговиот план Б е да продолжиме да се држиме на планот А“.

„Па ако читате или слушате радио интервјуа кои тој ги дава каде зборува дека идеите на раководството биле поразлични од неговите, ве молам пренесете ми што е тоа што Мончи го сакал поинаку?“.

„Тој побара од мене да му верувам, па го оставив да го направи на негов начин. Му дадовме комплетна контролаи сега имаме повеќе повреди од кога и да било претходно и сме во опасноста да не завршиме во Топ 3 за прва пат по 2014“.