24фудбал

Челси ја одби првата понуда на Реал за Азар и ја одреди цената на Белгиецот

Според пишувањата на медиумите од Белгија, Челси ја одбил првата понуда на Реал Мадрид за услугите на Еден Азар вредна околу 82 милиони евра, „сините“ бараат најмалку 115 милиони евра за да се разделат со својата ѕвезда.

Англија

Еден Азар се посочува како едно од новите засилувања за Зинедин Зидан, Белгиецот никогаш не криел дека сонува да го облече дресот на Реал Мадрид.

Пред неколку дена, весникот „Сан“ објави дека веќе е доставена прва понуда вредна 70 милиони фунти (околу 82 милиони евра).

Сега од Белгија пристигнува информација дека овој предлог веднаш бил одбиен од страна на Челси. „ХНЛ“ пренесе дека „сините“ се подготвени да седнат на маса и да преговараат но бараат најмалку 115 милиони евра (околу 100 милиони фунти) за да се разделат со својата ѕвезда.

Реал Мадрид во моментов не помислуваат да плати ваква сума со оглед на тоа дека Еден Азар е обврзан кон Челси до 2020 и одбива да го продолжи договорот. „Кралевите“ сметаат дека времето е на нивна страна и дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе мора да ги намали барањата во следните месеци.