24фудбал

Како ќе реагираат Икарди и Ванда на ова, Перишиќ стана пријател со Макси Лопез на Инстаграм!

Однесувањето на социјалните мрежи одново ја бранува соблекувалната на Интер, овој пат Иван Перишиќ привлече внимание откако стана пријател со Макси Лопез на Инстаграм.

Италија

Ванда Нара синоќа најави дека Мауро Икарди во скоро време би можел да се врати во тимот откако месец дена не тренира под изговор дека е повреден.

И кога се чини дека на повидок е смирување на ситуацијата на „Џузепе Меаца“, соблекувалната може одново да биде разбранувана.

По синоќешната победа на Интер во градското дерби против Милан, Макси Лопез почна да го следи Иван Перишиќ на Инстаграм. Аргентинецот лајкна неколку постови на Хрватот, кој потоа возврати и почна да го следи напаѓачот.

Подолго време се говори дека постои нетрпение помеѓу Иван Перишиќ и Мауро Икарди, откако Ванда Нара јавно упати критики на адреса на репрезентативецот на „коцкастите“. Па останува да се види како популарната двојка ќе реагира на сето ова со оглед на тоа дека тие се во „војна“ со Макси Лопез која трае со години, односно откако Икарди ја украде Ванда од својот сонародник и поранешен соиграч во Сампдорија.