24фудбал

Ибрахимовиќ посочи двајца фудбалери на кои Манчестер јунајтед треба да ја гради својата иднина

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Мирор“ зборува за иднината на „црвените ѓаволи“.

Англија

Ибра верува дека Манчестер јунајтед треба да ја гради својата иднина околу двајца фудбалери, Пол Погба и Маркус Рашфорд.

„Мислам дека Пол Погба има потенцијал да биде најдобриот играч во светот на неговата позиција“, вели Ибрахимовиќ.

Тој е добро момче, тренира напорно, слуша, сака да биде подобар, сака да победува. Сака да одигра добро во секој натпревар“.

„Работите кои се случуваат надвор не го засегаат бидејќи кога сте на тоа ниво сите ќе зборуваат. Позитивно, негативно, нешто помеѓу, сите ќе зборуваат“.

„Рашфорд е иднината на Манчестер јунајтед. На почетокот го гледав повеќе како индивидуалец, сега игра повеќе за тимот. Повеќе го користи својот квалитет за тимот, не само за себе“.

„Тој има голем потенцијал и голема иднина со Јунајтед, посебна работа е што доаѓа од академијата. Мислам дека тој нема граници“.