24фудбал

Официјално: Столе Димитриевски ќе добие нов тренер

Рајо Ваљекано се збогува со тренерот Мичел откако тимот забележа седум порази по ред, последниот беше од Виљареал.

Шпанија

Рајо Ваљекано преку соопштение потврди дека се разделува со тренерот Мичел. Поразот од Виљареал ја прели чашата па раководството ќе се обиде со друг тренер да ја фати последната сламка на спасот.

Македонскиот голман, Столе Димитриевски кога ќе се врати во Шпанија по репрезентативната должност ќе ја почне работата со новиот тренер на Рајо кој треба да биде назначен во наредните денови.

На десет кола до крајот на сезоната Рајо Ваљекано е на претпоследното место со шест бодови зад Виљареал кој првиот тим над зоната за испаѓање.