24фудбал

Марота: Интер не го казни Икарди, ние сме фамилија и родителите мора да носат одлуки

Директорот на Интер, Бепе Марота вели дека Икарди не бил казнет со одземањето на капитенската лента и верува дека напаѓачот наскоро ќе се врати во стројот.

Италија

Икарди нема одиграно натпревар откако му беше одземена капитенската лента, неговиот изговор е дека има повреда на коленото, но сите зборуваат дека има недоразбирања со раководството на Интер.

„Се надевам дека ситуацијата ќе биде решена. Ние сме фамилија и родителите мора да носат одлуки за доброто на нивните деца, но тоа не се казни. Тие се носат со цел децата да созреваат и да стануваат подобри“, вели директорот на Интер, Бепе Марота.

„Така треба да се сфаќаат нашите одлуки. Се надевам дека оваа ситуација ќе се реши колку што е можно побрзо бидејќи Икарди е добро момче кој му дал многу на Интер и се уште може да му дава многу“.

„Сега има проблеми со коленото. Се надеваме дека ќе оздрави колку што е можно побрзо и ќе се врати во тимот по рехабилитацијата“.