24фудбал

Мурињо објасни зошто Мбапе вреди повеќе од Роналдо, Меси и Нејмар

Жозе Мурињо вели дека Килијан Мбапе е фудбалерот со најголема пазарна вредност, „специјалниот“ го смести Французинот пред Роналдо, Меси и Нејмар поради неверојатниот талент и годините.

Останато

Килијан Мбапе има нов фан во името на Жозе Мурињо. Португалецот во интервју за беИН Спорт вели дека Французинот е неверојатен играч и фудбалер со најголема пазарна вредност.

„Кога зборуваме за иднината, не треба да кажеме што ќе се случи за пет години или за десет години. Едноставно треба да ја погледнеме сегашноста, Мбапе е апсолутно неверојатен“ – вели „специјалниот“.

„Меси и Роналдо имаат преку 30 години, Нејмар има 27 години. Од економска гледна точка, годините играат многу важна улога, па затоа мислам дека тој е фудбалерот со најголема пазарна вредност во светот“.

„Доколку зборуваме за потенцијален трансфер, тој е најскапиот играч во овој момент“.

„Кога е во прашање неговиот квалитет, само еден збор е доволен: неверојатен. Ова кажува се“.

Оваа констатација на Жозе Мурињо ја дели и Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС), според кого Килијан Мбапе е највредниот фудбалер во најсилните пет првенства во Европа, и напаѓачот се проценува на 223.7 милиони евра.