24фудбал

Сане им се приклучи на Панцирите, а на себе „носеше“ 25,000 евра (ФОТО)

Проектот „Нова Германија“ на Јоаким Лев започнува со контролката против Сербија утревечер, а продолжува во квалификациите за Европското првенство во 2020. година идната седмица против Холандија, Сане го привлече вниманието при доаѓањето во хотелот каде се сместени Панцирите.

Останато

Лерој Сане се приклучи на собирот на најсилниот состав на германската фудбалска репрезентација, а неговото појавување на интернационалната должност го привлече вниманието на пошироката јавност.

Офанзивецот на англискиот првак Манчестер Сити имаше еден доста интересен аутфит, носејќи палто кое наликуваше како да е испишано со разни натписи од дете.

Сепак, според СпортБазер, јакната дизајнирана од шпанска „Баленсијага“ се чини дека е токму таква каква што ја носеше Германецот, а на пазарот чини цели 4,500 евра.

И, не само тоа, Билд пишува дека целосниот аутфит на Сане со кој тој пристигна во хотелот каде се сместени Панцирите вреди цели 25,000 евра, директорот на репрезентацијата на Германија, Оливер Бироф беше запрашан за ова, дали се нарушува етичкиот кодекс, а тој само одговори дека тоа е приватна работа, секој фудбалер е одговорен и треба да знае што прави.