24фудбал

Дацн го смести Несторовски во тимот на колото во Серија Б, Македонецот се извини до фановите на Палермо (ФОТО)

Македонецот и покрај отсуството од терените претходно поради повреда, со девет погодоци е најефикасниот во редовите на второлигашот од Италија кој сигурно докрај ќе се бори за враќање во елитното друштво, а капитенот на Сицилијанците изминатиов викенд имаше феноменална партија.

Македонија

Екипата на Палермо се избори за мошне важни три бода од дуелот против Карпи на домашен терен каде едноставно немаше право на кикс, а предводник на Сицилијанците во триумфот беше капитенот на таа екипа, Илија Несторовски.

Македонскиот репрезентативец постигна два гола, а реализираше и една асистенција во победата која донесе вредни три бода за Сицилијанците кои заостануваат само бод зад лидерот во Серија Б, Бреша (50).

Нема дилеми дека Палермо до крајот на актуелната сезона ќе се бори најмалку за второто место на табелата во Серија Б, односно директен пласман во Серија А, а феноменалната партија на Несторовски изминатиов викенд беше наградена од страна на „Дацн“, медиумот кој го смести Македонецот во тимот на 27 коло во Серија Б, а освен Несторовски, од тимот на Палермо во овој избор се најде и неговиот соиграч Цезар Фалети.

Несторовски воедно се огласи на социјалните мрежи по одличните перформанси изминатиов викенд и упати извинување до навивачите на Палермо поради неговиот пост, а воедно и отсуството.

Простете поради отсуството“ напиша Несторовски откако го прекина постот од 15 февруари, кога постигна гол во ремито од дербито против Бреша на домашен терен (1-1), а имаше и пауза оваа сезона поради повреда.