24фудбал

Нејмар синоќа слета во Мадрид

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар од синоќа е во Мадрид, а тоа ги зголеми шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал.

Шпанија

Нејмар е во Мадрид. Тоа е доволна причина шпанските медиуми повторно да почнат да пишуваат дека Реал Мадрид може да биде неговата следна дестинација.

Бразилецот е во Мадрид поради тоа што треба да снима реклама, тој уште денеска би требало да си замине од главниот град на Шпанија.

Официјално нема закажано средба со претставници на Реал Мадрид, но никој не ја исклучува можноста таа да се случи во тајност.

Интересно, во моментов во Мадрид се трите најголеми фудбалски ѕвезди. Меси е таму со аргентинската репрезентација, Роналдо пристигна во Мадрид да го инагурира својот бизнис со пресадување на коса, а Нејмар снима реклама.