24фудбал

Азар не е единствената желба на Реал Мадрид од составот на Челси

Белгиски медиуми објавија дека Челси веќе ја одбил првичната понуда од Кралевите вредна околу 82 милиони евра за првата ѕвезда во својот состав, но, уште еден фудбалер е голема желба на шпанскиот гигант.

Шпанија

Реал Мадрид не е заинтересиран само за првата ѕвезда на Челси, Еден Азар, се шпекулира дека Кралевите пријавиле сериозен интерес и за фудбалерот од средниот ред на Премиерлигашот, НГоло Канте.

Се верува дека францускиот фудбалски стратег Зинедин Зидан, по враќањето на клупата на шпанскиот гигант ставил јасно дознаење околу потезите кои клубот треба да ги влече на трансфер пазарот, а неговиот сонародник Канте високо котира на неговата листа на желби на лето.

Калчомеркато пишува дека Реал Мадрид редовно го следи францускиот репрезентативец, за кого интерес има истовремено и од Јувентус, како и ПСЖ.

27 годишниот Канте важи за еден од најдобрите фудбалери на таа позиција во светот, доста вреден и оценет како голем професионалец, а нема да зачуди доколку си замине од Стемфорд Бриџ на лето, доколку не се смени лошата слика во клубот каде Маурицио Сари е под голем притисок поради лошите резултати, а под знак прашалник е секако и место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Канте се приклучи на Челси во 2016. година откако направи трансфер од Лестер, клуб на кој му помогна да стигне до историската титула во Премиерлигата, оваа сезона по доаѓањето на Сари, тој беше поместен од својата позиција за да се направи простор за Жоргињо, нешто што не вроди со плод во таа екипа.