24фудбал

Не е лесно да си Фил Џонс: Моите пријатели секоја вечер...

Потпиша нов договор со тимот од Олд Трафорд со кој се обврза на верност со Премиерлигашот до 2023. година, со тоа, доколку истиот договор се испочитува помеѓу обете страни, тој ќе мине повеќе од десет години во дресот на Манчестер јунајтед.

Англија

Изгледот на лицето на дефанзивецот од редовите на Манчестер јунајтед, Фил Џонс е секогаш една доста интересна тема за шега кај љубителите на фудбалот.

Сепак, вреди да се нагласи дека Џонс ја прифати шегата на своја сметка, па дури и самиот тој знае и умее како да се пошегува на своја сметка.

Изгледот на неговото лице во одредени моменти од натпреварите е толку голем тренд, што тој дури и самиот испраќа фотографии до своите пријатели на ВатсАп, каде често добива пораки со таква содржина од своите пријатели.

Моите пријатели постојано се шегуваат со мене поради тоа“ рече Џонс за Гол.

Тоа е што е, воопшто не сум вознемирен, моите пријатели секоја вечер ми испраќаат такви фотографии на ВатсАп групата, воопшто не ме вознемирува тоа, дури и јас знам да се насмеам на таквите фотографии“ додаде тој во интервјуто за специјализираниот фудбалски портал.

27 годишниот англиски дефанзивец веќе осма сезона е дел од Манчестер јунајтед каде дојде од редовите на Блекбурн во 2011. година.