24фудбал

Селекторот на Србија го спореди Јовиќ со Суарез, а Барселона веќе повлече голем чекор за него? (ФОТО)

Не е тајна дека Каталонците веќе подолг период бараат достојна замена за 32 годишниот Суарез чиј договор на Камп Ноу истекува во 2021. година, но, од таму под будно око ја следат ситуацијата со Јовиќ кој игра во животна форма.

Германија

Српскиот селектор Младен Крстајиќ го спореди напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ со Луис Суарез во Барселона, упатувајќи пофалби за младата српска ѕвезда кој бележи голем развој во својата игра актуелнава сезона.

Тој е класичен голгетер, има одлична визија во играта и одлична контрола на топката, добро ја разбира играта. Јас би го споредил со Луис Суарез“ рече Крстајиќ во интервјуто за Т-онлајн.

Лука е доста храбар и опасен во секоја ситуација кога е кај него топката, секогаш е трпелив и внимателно ја чека својата шанса за во секој момент да го загрози голот на противникот“ додаде Крстајиќ.

Јовиќ во своите досегашни три настапи за Србија нема погодок, но, зад себе има профил на расен голгетер постигнувајќи 15 погодоци во 24 натпревари во Бундеслигата за Ајнтрахт Франкфурт оваа сезона.

Секако дека 21 годишниот Србин е доста интересен за европските гиганти кои под будно око ги следат неговите настапи, а Џерард Ромеро од ЕспортсРац1 радио, објави дека Барселона веќе имала средба со претставниците на Јовиќ, истата се одвивала во Милано.

Истиот новинар тврди дека Каталонците им дале дознаење на претставниците на Јовиќ дека српскиот напаѓач е број еден желба на тимот од Камп Ноу за претстојниот летен преоден рок.