24фудбал

Солскјер го користел Мурињо за да им каже на играчите колку биле лоши против Вулверхемптон

Медиумите од Англија пишуваат дека Оле Гунар Солскјер беснеел во соблекувалната по поразот од Вулверхемптон во ФА Купот и ги обвинил играчите дека биле очјани како во времето под водство на Жозе Мурињо.

Англија

„Ѓаволите“ во саботата потфрлија на гостувањето на „Молињу“ и загубија со 2-1 во четвртфиналето од ФА Купот. На Оле Гунар Солскјер не му се допаднало она што го видел на теренот, па стратегот беснеел во соблекувалната.

Според пишувањата на „Сан“, Норвежанецот го користел фамозниот „фен“ третман на Сер Алекс Фергусон, бидејќи верувал дека Манчестер јунајтед имал добри шанси за трофеј, но сето тоа паднало во вода поради очајното издание.

Оле Гунар Солскјер го споменал и Жозе Мурињо за да им каже на играчите колку биле лоши против „волците“ и ги обвинил дека играле без елан и сила како во времето на „Специјалниот“.

За крај, стратегот им порачал да ја искористат паузата за репрезентативна должност за да ги анализираат сопствените перформанси. Весникот додава дека никој од фудбалерите претходно не го видел Оле Гунар Солскјер толку бесен.