24фудбал

Касиљас даде висока оценка за новиот „крал“ Милитао: Порто се коцкаше на него, а тој покажа карактер

Португалскиот шампион инвестираше во младиот Бразилец а истата инвестиција се покажа богатство вредна за клубот кој ќе инкасира цели 50 милиони евра за неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Шпанија

Едер Милитао од лето е нов фудбалер на Реал Мадрид, Кралевите не се штедеа да го доведат Бразилецот на Сантијаго Бернабеу и го одврзаа ќесето од клупската каса за цели 50 милиони евра.

Централниот бек минатата седмица го официјализираше трансферот во европскиот првак, а цената која Реал Мадрид ја плаќа за овој фудбалер воопшто не е дискутабилна, според зборовите на екс голманот на тимот од Мадрид и соиграч на Милитао во моментов во Порто, Икер Касиљас.

Тоа е фантастичен потег на Реал Мадрид, тие обезбедија потпис на одличен фудбалер со голема иднина пред себе“ рече Касиљас давајќи високи оценки за засилувањето за Реал Мадрид.

Јас сум убеден дека тој ќе успее во Реал Мадрид, Порто се коцкаше на него кога беше многу млад, а покажа голем карактер, има голема вредност во него, сака работите да ги прави на вистински начин, можеби малку се плашам околу адаптацијата која би ја имал таму, бидејќи во Шпанија е сосема поинаку...“ подвлече легендарниот голман на Реал Мадрид.

Порто го доведе 21 годишниот Милитао од редовите на Сао Паоло ланската година, а за услугите на младиот Бразилец со голем потенцијал, издвои 7 милиони евра, инвестиција која сега е вистинско богатство за португалската екипа која сезонава ќе биде дел од четвртфиналето од Лигата на шампионите.