24фудбал

„Меси ќе исчезне на теренот против Манчестер јунајтед, ќе се крие и ќе остави тимот да биде елиминиран“

Новинарот Томас Ронсеро, кој е огромен фан на Реал Мадрид, излезе со прогноза за дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Барселона во Лигата на шампионите, вели дека „каталонците“ ќе бидат елиминирани а Лео Меси ќе исчезне на теренот.

Лига на Шампиони

Аргентинецот во неделата против Бетис имаше извонредна партија на која постигна хет-трик и прекрасен лоб за кој долго време ќе се зборува. Дури и домашниоте фанови станаа да му аплаудираат и да ја поздрават новата фудбалска магија.

Но од ова не беше импресиониран новинарот Томас Ронсеро, кој е огромен фан на Реал Мадрид. Тој за „Ел Чирингито“ жестоко удри по Лео Меси.

„Преку глава ми е да слушам како луѓето велат дека Меси е најдобриот, ако беше најдобар ќе имаше три титули од Лигата на шампионите во низа, наместо да испаѓа во четвртфинале. На Светското првенство, во најважните мигови не стори ништо“ – вели Ронсеро.

Тој исто така очекува Манчестер јунајтед да го добие двомечот со Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите и погнозира дека Лео Меси ќе изчезне на теренот против „ѓаволите“. Додава дека Аргентинецот ќе се крие и ќе го остави тимот да биде елеминиран уште еднаш.