24фудбал

Од први јули цената на Гризман драстично паѓа, Атлетико Мадрид не може да спречи негово заминување

Антоан Гризман најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид во летниот преоден рок, неколку големи клубови се заинтересирани за неговиот потпис.

Шпанија

На 1 јули цената на Гризман ќе падне за цели 80 милиони евра. Неговата откупна клаузула која во моментов изнесува 200 милиони евра, според договорот со Атлетико Мадрид од 1 јули таа ќе биде 120 милиони евра.

Секој оној кој ќе ја плати откупната клаузула ќе може да го добие Гризман, па Французинот се чини дека ќе има слатки маки да ја одбере следната дестинација.

Весникот „АС“ пишува дека Гризман сега има цврста намера да си замине од Атлетико Мадрид и овој пат сигурно ќе го направи тоа. 

Се верува дека има сериозен интерес од три клуба, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.