24фудбал

ПСЖ ја доби УЕФА пред судот во Лозана

Судот за Спортска арбитража во Лозана донесе одлука во корист на ПСЖ, УЕФА нема право да отвара нова постапка против францускиот шампион, случајот е затворен.

Франција

ПСЖ нема да добие казна од УЕФА без разлика што европската куќа на фудбалот пред неколку дена отвори нова истрага против богатиот клуб со која требаше да ги истражи трансферите на Килијан Мбапе и Нејмар.

УЕФА се обиде да го казни ПСЖ во 2017 година поради трансферите на Нејмар и Мбапе, но тогаш тужбата беше отфрлена.

Судот за Спортска арбитража на УЕФА и соопшти дека поради тоа што не го испочитувале рокот за жалба по првата одлука сега немаат право да отвараат нов случај за истиот предмет.

Одлуката е конечна, ПСЖ нема да биде казнет, УЕФА го прифати судот и најави можна промена на правилата за финансиски фер плеј со цел да се избегнат малверзации кои што ги прават дел од клубовите.