24фудбал

Барселона нудела повеќе од Реал Мадрид во битката за Винисиус, Бразилецот откри како ја донел конечната одлука

18 годишниот офанзивец потпиша долгогодишен договор со Кралевите со кој се обврза на верност до 2025. година, но, во интересот за него, Барселона нудела повеќе, а Винисиус открива како ја донел конечната одлука.

Шпанија

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор откри дека го избрал тимот од Мадрид и покрај фактот што лутиот ривал на Кралевите, Барселона му понудиле многу повеќе пари во интересот кој го имале за неговиот потпис.

Бразилецот говорејќи за Кадена Сер, ја објасни својата одлука да потпише со Реал Мадрид и покрај повисоката понуда од Каталонците.

Мојот татко никогаш не ми кажа за интересот се додека не се појавија Барселона и Реал Мадрид. Потоа ние ги посетивме и двата клуба и обата ми оставија голем впечаток“ изјави Винисиус.

Барселона сакаше да плати повеќе, но, ние го посакувавме најдобриот проект, а Марсело и Касемиро многу ми помогнаа да ја донесам вистинската одлука“ посочи младиот Бразилец издвојувајќи ги неговите сонародници Марсело и Касемиро како пресудни во донесувањето на конечната одлука.

Винисиус на Сантијаго Бернабеу пристигна ланското лето, а Реал Мадрид претходно се договори со Фламенго уште во 2017. година во период кога Винисиус имаше само 17 години.

Бразилецот има солидна дебитантска сезона во дресот на Кралевите и покрај лошата сезона на клубот, досега постигна три погодоци, а реализираше и 12 асистенции во досегашните 28 настапи за сениорскиот состав во шпанскиот гигант.