24фудбал

Ибрахимовиќ откри кој е најдобриот тренер со кој работел, тоа не е Мурињо, ниту Гвардиола

Во интервју за „Мирор“, Златан Ибрахимовиќ зборуваше и за тренерите со кои работел и го посочи тој кој му оставил најголем впечаток.

Останато

Ибрахимовиќ често имал пофалби за Мурињо и на два пати работеше со него, во Интер и Манчестер јунајтед. Тренер му беше и Пеп Гвардиола, но со него приказната немаше среќен крај.

Сепак, Ибра вели дека Фабио Капело а најдобриот тренер со кој работел. Тој му беше тренер во Јувентус од 2004 до 2006 година.

„Можам да ги опишам сите, но Фабио Капело се издвојува. Тој ми рече: „Давај голови за мене и доколку не постигнуваш погодоци, можеш да седиш на трибините“, вели Ибрахимовиќ.

„Го сакам тоа. Сакам кога некој е директен со мене. Не сакам кога некој ми вели: „Уоу, ти си најдобриот, каков неверојатен фудбалер си“. Не сакам да слушам работи кои веќи ги знам. Ми треба некој кој ќе стави оган на мојата кожа“.

Ибрахимовиќ имаше многу подобар учинок под водство на Мурињо отколку кога тренер му беше Капело. Тој за Интер постигна 25 голови во сезоната кога беше предводен од Португалецот и тогаш беше најдобар стрелец во Серија А. А за Манчестер јунајтед даде 29 гола на 53 натпревар.

Под водство на Фабио Капело постигна 26 голови на 92 натпревари.