24фудбал

Навас со критики до Солари: Имав чувство дека што и да сторам на тренинзите, нема да играм

Костариканецот си ја отвори душата за периодот минат под кормилото на Сантијаго Солари, но, по враќањето на Зинедин Зидан веднаш покажа што знае и умее и возврати со извонредни интервенции на довербата од Французинот.

Шпанија

По доаѓањето на Тибо Куртоа во Реал Мадрид, Кејлор Навас беше „преселен“ на клупата на шпанскиот гигант, многумина дискутираа за оваа одлука на клубот, најмногу поради фактот што Навас во голема мера влијаеше во огромните успеси под кормилото на Зидан претходно.

Говорејќи во интервјуто за Кадена Копе, Навас изјави дека немал сили да направи ништо посебно за да го убеди Солари дека заслужува да добива поголема шанса за докажување.

Имав чувство дека што и да сторам на тренинзите, едноставно нема да играм“ рече Навас.

Но, секогаш бев професионалец, бев мотивиран да сторам некои добри работи бидејќи сум привилегиран“ додаде Костариканецот истакнувајќи дека е привилегиран со тоа што е дел од клуб како Реал Мадрид.

Имам договор, мојот ентузијазам секогаш бил да бидам во Реал Мадрид, фокусиран сум на претстојните нови и големи предизвици, дадов се што можев за овој клуб и ќе продолжам да го правам тоа додека сум тука, но, не сакам да поминам уште една година како оваа“ посочи 32 годишниот Навас кој предупреди дека посакува минутажа.

Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид и веднаш стартуваше со Кејлор Навас на голманската позиција во тимот, ставајќи го Куртоа на клупата за резервни фудбалери, а овој потег на Французинот уште во првата пресметка со Селта во Примера на неговото враќање, донесе победа од 2-0 и одлични интервенции зад името на Навас.