24фудбал

Мајката на Рабио: Некои и како повредени одат на карневал во Рио, а мојот син во ПСЖ е како затвореник!

Извесно е дека Рабио до лето нема да има настап за ПСЖ, односно, докрај ќе го одработи договорот до лето и ќе си замине, за него постои сериозен интерес од Барселона, Јувентус, како и Ливерпул, а неговата мајка смета дека тоа што ПСЖ му го прави нему е нехумано и спореди каков е третманот со другите фудбалери во тимот.

Франција

Мајката на Адриен Рабио смета дека нејзиниот син се чувствува како затвореник во редовите на францускиот клуб, фудбалерот нема настап за тимот од Париз дури од декември, а беше изоставен откако одби да потпише нов договор.

Фудбалерот од средниот ред доби и суспензија од клубот поради тоа што беше забележан во ноќен клуб како се забавува по елиминацијата на ПСЖ од Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Освен тоа, на фановите на ПСЖ воопшто не им се допадна потегот на Рабио на социјалните мрежи, откако лајкна објава на поранешниот дефанзивец на Премиерлигашот, Патрис Евра, во кое тој рече дека сакал да му удри шлаканица на екс фудбалерот на ПСЖ, Жером Ротен, фудбалер кој мина шест сезони во дресот на ПСЖ.

Говорејќи за ЛЕкип, Вероник Рабио застана во одбрана на нејзиниот син, велејќи дека освен како затвореник, тој се чувствува дури и како заложник на ПСЖ.

Адриен е затвореник во моментов, тој е воедно и заложник во ПСЖ“ рече таа и се осврна на другата страна од приказната, поточно за првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, кој при статус на повреден, беше на карнивал во Рио, алудирајќи на тоа дека не баш сите фудбалери во редовите на францускиот првак имаат ист третман.

Постојат фудбалери кои доцнат и по шест минути на тренинзите, состаноците во клубот, а постојат и фудбалери кои се повредени, но можат да одат на другата страна на светот, како на пример карневалот во Рио“ заклучи таа.