24фудбал

Касиљас стави потпис на нов договор: И јас не се давам, исто како Буфон!

Икер Касиљас стави потпис на нов договор, легендарниот голман и следната сезона ќе биде на голот на Порто, а ќе има опција да го продолжи престојот на Драгао за додатни 12 месеци.

Останато

Порто попладнево соопшти дека Икер Касиљас ставил потпис на нов договор, Шпанецот и следната сезона ќе стои помеѓу стативите, со опција соработката да биде продолжена за додатни 12 месеци.

„Ова е специјален ден за мене, во Порто се чувствувам како дома“ – вели голманот, кој во мај ќе полни 38 години. „Се чувствувам поврзан со овој клуб, овој град и оваа земја“.

„Уживав минтата година, прославата на Алиадос беше прекрасна. Имам желба да ставам крај на кариерата тука, но искрано не знам што ќе се случи за две години. За разлика од останатите фудбалери, голманите доколку се грижат за своето тело, можат да играат подолго. Пред две години, мислев дека со 38 ќе одам во пензија, а еве сега ставив потпис на нов договор... Сега мислам дека ќе биде тешко да продолжам да играм кога ќе имам 40 години... Ќе биде тешко, но ќе видиме, ќе одиме сезона по сезона“.

Џиџи Буфон, уште еден легендарен голман, лани се предомисли за пензија и прифати авантура во ПСЖ каде игра со 41 година.

„Чудно е тоа што нашите кариери се слични. Двајцата не се даваме, мораме да останеме во топ форма и да ја имаме таа желба да продолжиме да се натпреваруваме и да уживаме во фудбалот. Среќен сум што ќе ја продолжам карирата“.