24фудбал

Додека другите ги нема, Икарди ќе се врати на тренинзите на Интер

„Спорт Медиасет“ информира дека Мауро Икарди од утре ќе се врати на тренинзите на Интер, а „Тутомеркатовеб“ пишува дека негов прв меч по пазуата ќе биде дуелот со Лацио.

Италија

Икарди нема играно за Интер од 13. февруари кога му беше одземена капитенската лента. Тој не ни тренираше со тимот под изговор дека оди на терапии за коленото иако на сите им е јасно дека не е во добри односи со клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека тој го завршил третманот со коленото и утре ќе се врати на тренинзите на Интер.

Неговиот прв натпревар по паузата, треба да биде мечот против Лацио кој се игра на 31. март, по паузата за репрезентации.

Се чини на Икарди сега му е најлесно да се врати на тренинг кога останатите соиграчи не се во клубот поради репрезентативни обврски. Но веројатно ги надминал и разликите со раководството на клубот или барем разговорите се движат во позитивна насока.