24фудбал

Ангеловски: Со офанзивен пристап до победа и три бода против Летонија

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека со офанзивен пристап „црвено-жолтите“ ќе се обидат да стигнат до победа и три бода против Летонија на стартот од квалификациите за ЕВРО 2020.

Македонија

Македонија утре ги почнува квалификациите за Европското првенство наредната година, прв противник е селекцијата на Летонија.

Нашата селекција е фаворит, противникот не бележи добри резултати во последно време, имаат нов селектор, но селекторот Ангеловски не остава ништо на случајот, вели дека неговите фудбалери на секој меч треба да имаат ист пристап.

„Фаворити сме, но не смееме да го потцениме противникот. Ќе ја играме нашата игра, со офанзивен пристап да дојдеме до победата и трите бода. Летонија има квалитет, точно е дека не постигнуваа многу голови во изминатата година и немаа победи, но и тешко примаа и имаа малку порази. Опасни се од прекини, но имаат и други квалитети. Имавме доволно време со моите фудбалери да ја анализираме нивната игра“, вели селекторот Ангеловски.

„Ако треба да изберам некој меч како би сакал да одиграме утре, би рекол како на натпреварите против Лихтенштајн и Гибралтар. Верувам во овие момци, мислам дека најдоброто од нив допрва доаѓа. Одлучив со кој состав ќе настапиме, утре ќе им го соопштам на играчите“.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра утре со почеток од 20:30 часот.