24фудбал

Пандев со специјални копачки против Летонија (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ќе игра со посебни копачки за неговиот јубилеен 100. натпревар во националниот дрес.

Македонија

Утре Македонија ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2020, противник е Летонија. Овој меч е посебен за Горан Пандев бидејќи тоа ќе биде неговиот 100. во репрезентативниот дрес.

Пандев на инстаграм ги објави копачките со кои ќе игра, а тие се специјални за овој меч. На нив го има знамето на Македонија под кое е бројката 100, на левата копачка е името на неговиот син Филипо, а на десната се на керкичките Ана и Софија.