24фудбал

Погба за сонот да се игра за Реал и Зидан и зошто Мурињо добил отказ од Манчестер јунајтед

Пол Погба денеска се појави пред медиумите за да разговара за мечот на Франција против Молдавија, но фудбалерот крена голема прашина откако призна дека сонува за настап во Реал Мадрид и под водство на Зинедин Зидан.

Англија

Пол Погба се посочува како една од желбите на Зинедин Зидан за засилување на Реал Мадрид, „кралевите“ планираат голема реконструкција на тимот по катастрофалната сезона.

На пресот пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020 и дуелот на „триколорите“ со Молдавија, играчот беше запрашан за овие шпекулации и тој само додаде масло во оганот со својата изјава.

„Секој сонува за настап во Реал, се работи за еден од најголемите клубови во светот. Зидан се врати на тренерското столче, и ова е сон за секое дете, за секој кој го сака фудбалот“ – вели Французинот.

„Во моментов јас сум среќен во Манчестер јунајтед, но не знам што носи иднината“.

Минатото лето се појавија гласини дека Пол Погба побарал од Манчестер јунајтед да биде продаден, а откако влезе во конфликт со Жозе Мурињо, се говореше дека дефинитивно ќе замине од Олд Трафорд доколку Португалецот остане. Сепак, „специјалниот“ доби отказ, а откако Оле Гунар Солскјер го превзеде кормилото, фудбалерот игра како препороден и му се врати насмевката на лицето.

Секако неизбежно беше и прашање на оваа тема, но Пол Погба реши да не креира нова галама.

„Не победувавме под водство на Мурињо, затоа работите одеа во погрешна насока. Доколку резултатите беа позитивни, тој ќе останеш. Тоа е се, немам што повеќе да кажам“.