24фудбал

Германија подмладувањето го почна со реми против Србија (ВИДЕО)

Германија и Србија одиграа нерешено 1-1 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Волфсбург.

Германија

Селекторот на Германија, Јоаким Лев пред некој месец и официјално се откажа од Боатенг, Хумелс и Милер со цел да ја подмлади селекцијата. Денеска излезе со таков состав, со не многу ѕвезди во тимот кои одиграа нерешено, 1-1 против Србија.

Србија водеше во голем дел од натпреварот, Германија изедначи, но имаше и неколку убави шанси за пресврт.

Новата ѕвезда на Србија, напаѓачот на Ајнтрахт, Лука Јовиќ даде гол во 12. минута за водство од 1-0. Тоа беше негов прв во националниот дрес.

Германија со гол на нововлезениот Гротецка го изедначи резултатот за конечни 1-1.

Во судиското продолжение Павков заработи директен црвен картон поради опасен старт врз Сане, кој за среќа помина без посериозна повреда.