24фудбал

Јувентус летоска ќе оди на турнеа во Азија а не во САД, се плаши Роналдо да не биде уапсен!

„Бјанконерите“ летоска нема да патуваат за САД, своите мечеви во рамките на Меѓународниот куп на шампиони ќе ги играат во Азија а причината за ваквата одлука е Кристијано Роналдо и обвинувањата дека силувал девојка во Лас Вегас.

Италија

Следната недела ќе бидат објавени учесниците и натпреварите за Меѓународниот куп на шампиони, натпреварување кое гигантите од Европа го користат за подготовки за новата сезона, промоција и прибирање десетици милиони евра во клупските каси. 

Според пишувањата на Њујорк Тајмс, Јувентус и организаторите се договориле оваа година „Старата Дама“ да не патува во САД и своите мечеви да ги одигра во Азија.

Весникот вели дека главна причина за ова е Кристијано Роналдо. ЦР7 во септември минатата сезона доби тужба од Катрин Мајорга за силување, а полицијата од Лас Вегас повторно го отвори случајот од 2009 и побара ДНК од Португалецот.

И покрај тоа што ЦР7 постојано велеше дека е невин, Јувентус се плаши дека Кристијано Роналдо би можел да биде уапсен доколку отпатува во САД, па оваа година ќе оди на турнеа во Сингапур и Кина.