24фудбал

„Ѓаволски“ добра финта, Јунајтед ќе покрие дел од трошоците за навивачите на гостувањето во Барселона, со пари од фановите на Барса!

Барселона одреди многу висока цена на влезниците за фановите на Манчестер јунајтед, дури 102 фунти, но англискиот клуб на интересен начин го возвраќа ударот.

Лига на Шампиони

Барселона реши влезниците за гостинските навивачи во четвртфиналето од Лигата на шампионите да чинат по 102. Но, Манчестер јунајтед доби идеја како да им ја ублажи цената на своите фанови на сметка на Каталонците.

Откако Барселона ја постави високата цена, Манчестер јунајтед возврати на ист начин, па и тие решија влезниците за гостинските навивачи да ги наплатат по 102 фунти. Но целата сума нема да оди во касата на клубот. 

Манчестер јунајтед на своите навивачи за гостувањето во Барселона ќе им ги даде билетите по 75 фунти, а остатокот од 27 фунти ќе ги рефундира со парите кои фановите на Барселона ќе ги платат за гостувањето на Олд Трафорд.

Со овој потег на управата на англискиот клуб, навивачите на Манчестер јунајтед ќе платат 75 фунти за гостувањето во Барселона, а фановите на каталонскиот клуб 102 за да го бодрат својот тим во Англија.