24фудбал

Хорор старт на Павков, Сане може да биде среќен ако не му заврши сезоната вечерва (ВИДЕО)

Искри летаа во финишот од мечот помеѓу Германија и Србија, Лерој Сане беше мета на противничките играчи, фудбалерот на Манчестер Сити може да биде среќен ако не му заврши сезоната уште сега по хорор стартот на Милан Павков.

Останато

Подмладената Германија вечерва одигра 1-1 во дуелот со Србија, но последните мигови од мечот воопшто не беа пријателски. Лерој Сане најпрво ќе направеше тепачка откако беше влечен за дрес, за потоа врз фудбалерот на Манчестер Сити опасно да стартува Милан Павков.

Напаѓачот на Звезда воопшто не беше нежен кога го нагазна Сане, скочниот зглоб на Германецот толку многу се извитка и тој може да биде среќен ако не му заврши сезоната вечерва. Со ваков хорор старт, Павков лесно можеше да му скрши нога на Сане.