24фудбал

Милан на лето добива мега засилување од Премиерлигата?

Не е тајна дека Росонерите го ставија од поодамна Бразилецот на својата листа на трансфер желби, но, се чини дека тимот од Милано веќе е сериозен во тие намери, а ќе мора да исполни и одредени услови за да го запази Финансискиот фер плеј доколку го посакува неговиот потпис кој чини најмалку 65 милиони евра.

Италија

Милан веќе пријавил сериозен интерес за офанзивецот од редовите на Евертон, Ришарлисон, но, тимот од Милано би требало да издвои најмалку 65 милиони евра за неговиот потпис, доколку посакува да го засили својот состав со Бразилецот.

Милан Њуз пренесе дека Росонерите веќе почнале преговори со претставниците на Бразилецот преку техничкиот директор на клубот Леонардо, на ист начин како што ги почнаа и преговорите со неговиот сонародник Лукас Пакета, кои на крајот беа успешни.

Како и да е, сајтот додава дека додека односите се одлични, Евертон бара повеќе од 65 милиони евра, што веројатно е премногу за клуб кој се соочува со „израмнување на сметките“ за да го испочитува Финансискиот фер плеј.

Нема дилеми дека главната цел на калчолигашот е обезбедување место во Лигата на шампионите, а тој евентуален успех би донел 50 милиони евра во клупската каса, дел од тие средства би се потрошиле на 24 годишниот Тимуе Бакајоко кој на лето му истекува позајмицата од Челси.

Дополнително, Милан ќе мора да продаде еден или двајца фудбалери од првиот состав за да го доведе 21 годишниот бразилски репрезентативец во своите редови кој сезонава во дресот на Евертон постигна 12 погодоци на 29 натпревари во Премиерлигата.

Ришарлисон во Евертон дојде лани заедно во „пакет“ со тренерот Марко Силва од Ватфорд, токму португалскиот фудбалски стратег го процени како големо засилување за Карамелите, а тоа засилување тимот од Гудисон Парк го чинеше 40 милиони фунти, тој веќе почна да настапува и во сениорскиот состав на Кариоките каде на шест меча постигна и три погодоци.