24фудбал

Пике во составот на Каталонија, Мариано од Реал Мадрид рече „НЕ“

Низа контроверзни моменти беа дел од склопувањето на тимот на Каталонија за претстојниот контролен меч со Венецуела, селекторот Лопез се соочи со проблеми, но, на крајот успеа да склопи тим.

Останато

Џерард Лопез имаше мали потешкотии околу пикирањето за составот на Каталонија во пресрет на пријателскиот меч со Венецуале, откако одредени клубови не дозволија нивни фудбалери да бидат дел од тој состав.

Еден од фудбалерите кој го одби повикот од Каталонија беше и Мариано Диаз од Реал Мадрид, иако тој не криеше дека го почитува интересот за него, офанзивецот преферираше да остане со Кралевите и да тренира со клубот во пресрет на финалниот дел од актуелната сезона.

Шпанецот со Домениканско потекло е роден во Каталонија и во текот на помладите години беше член на Бадалона, Премиа де Мар и Еспањол, има само 49 минути одиграно сезонава и веројатно не сака да ризикува повреда на пријателски меч.

Другата причина сигурно е фактот што Мариано не сака да ги расипе односите со навивачите на Реал Мадрид со тоа што би партиципирал во составот на Каталонија, каде повикот го прифати дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, чии ставови за прашањето со Каталонија се од поодамна познати.

Иако Пике се повлече од репрезентацијата на Шпанија, тој беше повикан во составот на Каталонија за пријателскиот меч на 25 март, а тоа ќе биде негов десетти настап за таа селекција која ќе ги одмери силите со Венецуела на арената Монтиливи во Џирона.

Каталонија не е официјален член на УЕФА и ФИФА, но, има дозвола да игра пријателски натпревари против членки на обете фудбалски организации или оние кои не се дел од истите.

Постоеа низа контроверзни моменти изминатиов период во однос на склопувањето на составот, откако Реал Ваљадолид, Рајо Ваљекано и Хуеска одбија да дадат дозвола на свои фудбалери да се приклучат на тој состав поради големата битка која ја водат истите екипи за опстанок во Примера.

Ватфорд од Премиерлигата исто така одби да го ослободи од клупските обврски Џерард Деулофеу.

Како и да е, Каталонија има неколку ѕвезди во составот кои сигурно ќе понудат убав фудбал во понеделник: Пике (Барселона), Бартра (Бетис), Видал (Севиља), Чави (Ал Сад), Мелендо (Еспањол), Ромеу (Саутемптон), Гарсија (Еспањол) и Кркиќ (Стоук).