24фудбал

Изненадување за капитенот (ФОТО)

Најдобриот стрелец во историјата на нашата најдобра фудбалска репрезентација со досегашни 33 погодоци вечерва ќе забележи голем јубилеј во националниот дрес, а за тоа доби изненадување.

Македонија

Денес најсилната фудбалска репрезентација на Македонија почнува со циклусот квалификации за Европското првенство во 2020. година, во Скопје гостува Летонија која е наш прв противник во квалификациите, а голем јубилеј ќе има нашиот капитен Горан Пандев.

35 годишниот ветеран вечерва ќе го одигра својот јубилеен 100-ти настап во дресот на нашата репрезентација, а по тој повод претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и соиграчите од националниот тим му подарија слика како спомен за неговиот јубилеј.


 

Фото: ffm.mk