24фудбал

Роналдо избегна суспензија од УЕФА, ќе игра против Ајакс

УЕФА ја определи казната за гестот на Кристијано Роналдо против Атлетико Мадрид, Португалецот не доби суспензија.

Лига на Шампиони

Кристијано Роналдо доби идентична казна како и Диего Симеоне претходно, ѕвездата на Јувентус ќе плати глоба од 20.000 евра.

Роналдо нема да биде суспендиран, тоа значи дека ќе му биде на располагање на Јувентус уште на првиот меч во четвртфиналето против Ајакс.

Да потсетиме, по мечот во Торино, Роналдо имаше недолична прослава кон трибините, но таа беше одговор на слична таква реакција на Диего Симеоне во Мадрид.