24фудбал

Реал Мадрид и Перез имаат три опции во случај Варан да замине, ќе влезат ли во нова војна со Барса?

Оваа недела се појавија стории кои велеа дека Рафаел Варан размислува за заминување од Реал Мадрид по крајот на сезоната, „кралевите“ веќе кројат планови за живот без Французинот.

Шпанија

„Кралевите“ подготвуваат големи промени во составот по катастрофалната сезона, а една може да биде непланирана. Лекип оваа недела објави дека Рафаел Варан размислува за заминување од Реал Мадрид, дефанзивецот сакал нов предизвик во кариерата.

Доколку Зинедин Зидан не успее да го убеди својот сонародник да остане на „Бернабеу“, Реал Мадрид ќе биде приморан да побара нов централен дефанзивец. Последните информации велат дека три имиња се опција за „кралевите“ и Флорентино Перез.

Калиду Кулибали од Наполи, Милан Шкринијар од Интер и Матијс Де Лихт од Ајакс се посочуваат како можни замени за Рафаел Варан.

Последното име на листата ќе предизвика нова војна помеѓу лутите ривали Реал и Барса со оглед на тоа дека „каталонците“ подолго време се обидуваат да дојдат до талентираниот Холанѓанец и се шпекулира дека се во пол-позиција за неговиот потпис.