24фудбал

Куртоа ли е, Кариус ли е, ни режисерот не очекуваше ваков кикс на голманот на Белгија (ВИДЕО)

Духот на Лорис Кариус како да влезе во Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид вечерва имаше голем кикс на должност со Белгија.

ЕВРО 2020

Тибо Куртоа важи за еден од најдобрите голмани во светот, вечерва имаше огромен кикс на дуелот помеѓу Белгија и Русија во квалификациите за ЕВРО 2020.

Голманот на Реал Мадрид, во стилот на Лорис Кариус им подари гол на гостите откако се сплетка во обидот да исфрли една топка. Ниту режисерот на предносот не очекуваше ваква реакција, па во прв момент му избегна бламажата на Белгиецот.