24фудбал

Каков гол ќе беше ова, стативата го спречи Барди да погоди од корнер (ВИДЕО)

Енис Барди е мајстор за изведување слободни удари а вечерва покажа дека умее да погоди и од корнер, но немаше среќа и стативата го спречи да постигне прекрасен гол.

Македонија

По преселбата во Леванте, Енис Барди се промовираше како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија но и Европа. Македонецот вечерва се обиде итро да погоди од корнер и да го изненади голманот на Летонија, но за жал неговиот обид заврши само во статива.