24фудбал

Магијата на Елмас од последните мигови, елегантно го излета Тоберс па мајсторски го матираше Штеинборс (ВИДЕО)

Елиф Елмас имаше одличен натпревар против Летонија, тинејџерот го постигна својот деби гол за Македонија а потоа стави точка на натпреварот со фудбалска магија.

Македонија

„Дијамант“ долго ќе ја памети пресметката со Летонија, вечерва доби шанса откако Хасани се повреди, и максимално ја искористи укажаната прилика. Во првиот дел се најде на право место во право време и една одбиена топка ја смести во мрежата на Летонија за својот деби гол во дресот на „црвено-жолтите“.

Во последните мигови од мечот Елиф Елмас ја крена публиката на нозе со фудбалска магија. Тој напрво елегантно го излета Тоберс, па мајсторски го матираше Штеинборс за конечни 3-1.