24фудбал

Победничка атмосфера во соблекувалната, ечеше „Македонија, Македонија“ (ВИДЕО)

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа натпревар кој ветува многу, а победата над Летонија беше потврда на фаворитската улога која ја имавме во првото коло, следи Словенија.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација тргна со победа во квалификациите за ЕП 2020, откако вечерва на домашен терен славеше над Летонија со 3-1, ова е убава увертира на гостувањето кај Словенија во второто коло од групата „Г“.

Атмосферата по победата беше одлична, а фудбалерите добија и поддршка од големиот поддржувач на нашиот национален состав, Јане Велковски кој ја имаше честа и задоволството да биде во соблекувалната и да прослави со своите омилени фудбалери...