24фудбал

Стоечките овации за капитенот (ВИДЕО)

Селекторот Ангеловски во половината од второто полувреме се реши да го повлече Пандев од игра, а тоа беше убава можност публиката да стане и да го поздрави со стоечки овации капитенот на нашата репрезентација.

Македонија

Ветеранот Горан Пандев влезе во „клубот 100“ каде го израмни рекордот по бројот на настапи во нашиот најсилен фудбалски состав заедно со Гоце Седлоски, а големиот јубилеј за Струмичанецот беше поздравен од гледалиштето на Филип Втори арената во Скопје.

Македонија со победа стартуваше во европските квалификации, а Пандев во своите 71 минута минати на теренот против Летонија реализираше една асистенција во победата од 3-1, онаа во голот на Алиоски со кој се отвори резултатот во наша полза.

При излегувањето од игра во 71. минута, Пандев беше поздравен со овации од трибините...