24фудбал

Ристовски ги доби копачките од Пандев: Пример, идол, професионалец... (ФОТО)

Копачките со кои Горан Пандев го одигра 100. натпревар за Македонија завршија кај Стефан Ристовски кој не штедеше пофални зборови за капитенот.

Македонија

Горан Пандев стана вториот македонски фудбалер со 100 натпревари за националниот тим. Капитенот вечерва носеше и посебни копачки направени специјално за овој меч. Но тој не реши да си ги задржи, туку стави потпис на нив и му ги подари на Стефан Ристовски.

Ристовски подарокот го објави на својот инстаграм профил и напиша: Пример, идол, професионалец... човек со големо срце, честито за 100 натпревари во македонскиот дрес, Македонија се гордее со тебе.