24фудбал

Белгиецот го допре дното: Навивачите на Челси си тераат мајтап со Куртоа (ФОТО)

Ова не е прва грешка на Куртоа сезонава, а за кратко многумина го посочија како „најголемото промашување“ на Реал Мадрид во историјата, Зидан уште на првиот меч по враќањето го пресели на клупата и почна со Навас.

Останато

Белгија дојде до посакуваната победа над Русија на домашен терен на стартот од европските квалификации со 3-1, но, малку недостасуваше фаворитот да го расипе сиот труд уште по раното водство.

Се играше 16. минута кога сите останаа во неверување по тоа што го стори голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој бележи катастрофална сезона зад себе по заминувањето од Челси.

Вертонген ја одложи акцијата и врати до Куртоа, а белгискиот голман иако имаше и простор и време да реагира многу поубаво од тоа во продолжение, направи една аматерска грешка која Черишев ја казни со израмнувачки гол.

Нормално, навивачите на Челси нема да му простат за тоа што одбиваше да тренира со Премиерлигашот, барајќи трансфер за да си замине од клубот, па тие го „сардисаа“ од сите страни со исмејувачки коментари на социјалните мрежи.

Веројатно најдобриот коментар е следниот:

Прави грешка

Тренерот добива отказ

Прави грешка

Прави грешка

Аут од трката за титулата

Прави грешка

Аут од Лигата на шампионите

Прави грешка

Прави грешка

Зидан е именуван за тренер

Куртоа е изоставен

Прави грешка за Белгија

ЈА САКАМ ОВАА ИГРА.

Еве дел од останатите коментари...

О, мој боже, Куртоа е една огромна шега, неговата катастрофална сезона продолжува

Кариерата на Куртоа оди во надолна линија откако почна да одбива да тренира со Челси за да направи трансфер

Куртоа е всушност Кариус кој има добра дефанзивна линија пред себе во Атлетико и Челси